Актуелно

Проекти

„Центар за претприемништво“ е проект на Советот на млади на Општина Центар. Проектот е целина составена од два дела: циклус на обуки за млади претприемачи за младите што подобро да се запознаат како со концептот на младинско претприемништво, така и со бизнис планирањето и конкретното пишување бизнис планови; и вториот дел, јавен повик за бизнис планови на кој ќе можат да аплицираат сите млади од општината, а на кој најдобрите пет ќе освојат парични награди од по 30.000 денари.

„Идејни решенија за алтернативна сигнализација“ беше проект на Советот на млади на Општина Центар. На овој повик младите, поконкретно студенти и млади без позначајно работно искуство, можеа да ги понудат своите решенија за алтернативна сигнализација која би била поставена во општина Центар.

Поконкретно, стануваше збор за креативна сообраќајна сигнализација која би била изработена во форма на знаци, табли, панели, банери, билборди, но формата не ја ограничуваме само на тоа. Имено, беше оставена целосна слобода во однос на форматот, бојата и содржината на идејните решенија. Целта на знаците пак е на естетски, забавен но, и едукативен начин да ги потсетат сите учесници во сообраќајот, односно возачите, патниците, пешаците, на сообраќајните правила и безбедноста. 

Powered by themekiller.com