Актуелно

За нас

Советот на Млади на Општина Центар е советодавно тело на општината, формирано од група организации и форми на младинско здружување кои функционираат и работат на територија на Општина Центар.

Органи на Локалниот Младински Совет на Општина Центар се:

Собранието - во кое има по еден делегат од секоја организација членка

  • 1. МОФ
  • 2. Младите можат
  • 3. ЏЕФ
  • 4. Црвен крст Центар
  • 5. Сојуз на Извидници
  • 6. Студентски Пленум
  • 7. Средношколски Пленум
  • 8. ВЦС
  • 9. ХЕРА
  • 10. РЕАКТОР
  • 11. ЦИВИЛ
  • 12. Клуб на оратори
  • 13. ЕЛСА
  • 14. Младински сојуз
  • 15. ИЗЛЕЗ
  • 16. Коалиција за сексуални и маргинализирани права
  • 17. КРИК
  • 18. ВИЗИО
  • 19. AEGEE
  • 20. СДММ
  • 21. НСДМ
  • 22. ЛИДЕМ
  • 23. УМС ВМРО НП
  • 24. УМС ВМРО ДМПНЕ
  • 25. Демократски Сојуз
  • 26. ДОМ

Извршниот одбор - составен од 11 члена, од кои: 8 претставници на невладините организации и 3 претставници на подмладоците на политичките партии, сите со мандат од 2 години

Претседателот и потпретседателот на Извршниот одбор на Советот се бираат од страна на членовите и нивниот мандат трае се додека се дел од Извршниот одбор

Покрај членките на Младинскиот совет, како соработници до сега се јавуваат:

  • - Мисијата на ОБСЕ во Скопје
  • - Национален Младински Совет (НМСМ)
  • - УНДП
  • - Хелсиншки комитет
  • - ЦИД
  • - Агенција за млади и спорт
  • - Американска амбасада
  • - Холандска амбасада
  • - АЛДА
  • - Фондација отворено општество (ФООМ)
  • - Центар на заедница на општина Центар

Извршен одбор

  • - Горан Таневски (Младински образовен форум) - Претседател
  • - Александар Стојаноски (Црвен крст) - Потпретседател
  • - Снежана Томовска (СДММ)
  • - Теано Кардула (Средношколски пленум)
  • - Давид Данаилов (СДММ)
  • - Борјан Ефтимов (Студентски Пленум)
  • - Горјан Славковски (Младите можат)
  • - Драган Димитров (УМС на ВМРО – ДПМНЕ)
  • - Слободан Насковски (Извиднички одред – Галеб)
  • - Ања Бебековска (ЏЕФ)
  • - Митко Сланинкоски (Коалиција СЕГА)

МИСИЈА

Мисијата на Советот на Млади на Општина Центар е да ги претставува интересите и потребите на младите луѓе во општината преку разни проекти и активности, да се поставува како врска меѓу нив и органите на Општина Центар и да обезбеди вклучување и активно учество на младите во процесот на донесување одлуки на локално ниво.


Целите на ЛМС на Општина Центар се:

1. Поттикнување на процеси за креирање на соодветни политики кои овозможуваат социјален и личен развој на младите во Општина Центар;

2. Застапување и делување во името на интересите на младите и младинските организации преку претставување на нивните интереси пред институциите;

3. Oбединување и развој на капацитети на младинскиот сектор преку зајакнување и промоција на улогата на младинските организации;

4. Промоција на неформалното образование и поттикнување на креирање системи за поддршка на млади на локално ниво;

5. Унапредување на положбата на младите во општеството

Во остварување на наведените цели, Советот на Млади на Општина Центар ги застапува интересите на младите во Општина Центар без разлика на нивната социо-економска положба, пол, раса, етничка и културна припадност, политички и верски верувања, сексуална ориентација, родов идентитет или било кој друг облик на разликување.

Powered by themekiller.com